Се отвори Големиот египетски музеј во Каиро, изградбата траеше повеќе од 20 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вчера имаше отворање на Големиот египетски музеј (ГЕМ) во Каиро.

На церемонијата присуствуваа 40 државници и високи функционери, вклучувајќи кралеви, претседатели и премиери од целиот свет.

Изградбата на музејот, кој се смета за најголем музеј во светот посветен на древната египетска цивилизација, започна во 2002 година и беше изграден според наградуваниот дизајн на ирската архитектка Роисин Хенеган и нејзиниот сопруг Ши-Фу Пенг.

Отворањето се случи речиси десет години подоцна од првично планираното поради економската криза, политичките превирања, регионалните конфликти и пандемијата на коронавирусот. Вкупната површина на музејот е над 500.000 квадратни метри и се состои од 12 галерии со над 24.000 предмети.

Со официјалното отворање се отвори и посебна галерија за предмети од гробницата на фараонот Тутанкамон, каде што за прв пат од нивното откривање во 1922 година во Долината на кралевите се распоредени сите 5.398 предмети.

Исто така, дел од музејот е посветен на огромниот „соларен“ брод на фараонот Кеопс, пронајден во 1954 година и преместен од музејот до Кеопсовата пирамида во ГЕМ.