Се отворија теретаните – посебни мерки за вежбање и тренинг

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Од денеска почнаа со работа вежбалниците и спортските центри, овде сме за да видиме одблизу како ќе функционираат тие со нивите мерки од Владата против корона вирусот“, истакна репортерката на ТВ21.

Сите кои имаат покачена температура не можат да влезат во теретана.

Според протоколот на Владата на влезот на секоја теретана треба да се постави сунѓер кој се дезинфицира по влезот на секој клиент.

„Во моментот кога влегуваат во теретана, вработените треба да им мерат температура на клиентите и треба да  се дезинфицираат рацете“, посочи репортерката на ТВ21.

Исто така на влезот на објектот треба да се поставени средства за дезинфекција, ракавици и друга заштитна опрема доколку клиентите сакаат да користат. На влезот на вратата поставен е протоколот на Владата за тоа како треба да се однесуваат клиентите во вежбалниците. Ирена Митревска, која води теретана вели дека се задоволни што конечно се отворија и теретаните.

Во теретана во моментов имаше малку клиенти и по секоја вежба се дезинфицира местото и опремата која се користи. Вработените во фитнес центрите треба да носат маска а клиентите по желба.

Една од клиентите вели дека едвај чекала да се отворат теретаните бидејќи за време на карантинот добила некој килограм плус.

Теретаните беа затворени 3 месеци а материјалната штета е голема за овој сектор. Владата на својата 72 седница одлучи од денеска да им се дозволи работа на теретаните и фитнес центрите.