Array

Се почитува ли високото образование? Колку е исплатлива инвестицијата во Македонија?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Колку се почитува високото образование во Македонија? Покрај личната сатисфакција и духовна инвестиција, може ли да се каже дека факултетот е исплатлива инвестиција која на висококвалификува работна сила ќе и обезбеди егзистенција? Барајќи одговор на ова прашање поразговаравме со  Костадин Цинциевски, еден од многуте таксисти со високо образование како што вели и самиот. Пред 20 години дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје, а освен приватни часови со ученици, ниту еден ден не работел како професор.  Неуспешни биле обидите да најде работа според квалификација, па бил принуден да работи како поштар, угостител, последните 15 години е таксист  со цел да обезбеди егзистенција за своето семејство.

„Не се цени нашата инвестиција во нас. Тоа е моја лична инвестиција во мене. Кога јас инвестирам во мене тоа се финансии, време тоа треба да се реализира. Во кај нас нема фидбек барем кај некои“, изјави Костадин Цинцевски, таксист.

Цинцевски вели не дека оние што  се со пониско образование не треба да работата, но секој треба да си го најде местото во општеството.

„Премногу сме политизирани и таа политизација ни го руши квалитетот на живот“, рече Костадин Цинцевски, таксист.

Како и многумина и тој размсилувал да замине од државава и се уште размислува во потрага по подобра егзистенција.

„Многу патници млади, од многу младата недефинирана популација средношколците во втора, трета година средно, размислуваат да ја напушатат државата. Што значи кога они се уште не ја осетиле горчината на животот, заработувањето, најверојатно гледајќи ги своите родители, што да кажеме ние, што ден за ден крпен живот“, додаде Костадин Цинцевски, таксист.

Опозицијата е сериозно загрижена за одливот на умови, па го прашавме лидерот Мицкоски зошто изминатава деценија не се потрудија да го сопрат. Тој вели учеле од грешките од минатото и  откако ќе ја  формираат новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведуваат друга политика:

„Она што е важно за Р.М. е тие умови  што се одлеале како што велите да ги вратиме и  што ние како политички елити треба да направиме тој прецес на иселување да го спречиме“, изјави Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Заев е скептичен за бројката на активни баратели, бидејќи смета дека дел од нив се пријавуваат поради здравственото осигурување. Најави повеќе пари за Агенцијата за вработување и се пофали дека невработеноста за  првпат паднала под 20%:

„Новина од која очекуваме ефекти и по барање на Бизнис заедницата да подготвуваме и помогнеме во се поголема подготовка на квалификувана работна сила. Се зголемуваат и нашите пари во Агенцијата за вработување и сите другите механизми“, изјави премиерот Зоран Заев.

91 485 активни баратели на работа се евидентирани според податоците на Секторот за истражување и анализа на пазарот на трудот до 31.10.2018 година на АВРМ.

10 939 НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА СО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ:

– дипломиран економист од различни профили  -1947 невработени лица;

-дипломирани правници од различни профили на образование -1259 невработени лица;

-професори по одделенска  настава на македонски јазик -273;

-професор по одделенска настава на албански јазик -188;

-дипломиран социјален работник -182 невработени лица.

856 НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА МАГИСТРИ:

-магистрите по правни науки – 334 невработени лица;

-магистри по економски науки -103;

-магистри по фармација -34

32 НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА СЕ ДОКТОРИ НА НАУКИ

Најбројни невработени се од општествените науки и тоа, со високо образование економистите, магистри по правни науки и доктори на наука, по економски науки, правни науки, политички науки.

Репортер: Александра Велинова