Се појави „нов Аријан Адеми“: Играше за младите селекции на Хрватска, а сега ќе игра за друга репрезентација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Хрватскиот фудбалер Борна Соса, во моментов ја бранува јавноста во Хрватска по неговата одлука во иднина да игра за репрезентацијата на Германија.

Тој експресно доби пасош на Германија, и бил контактиран од фудбалската федерација, со што одговорил потврдно на повикот да биде дел од националниот тим за престојното ЕП.

Бил контактиран и од хрватскиот сојуз, но им кажал за својата конечна одлука.

„Ми се јавија од ХНС и селекторот Далиќ, им ја кажав мојата одлука и веќе нема назад. Ми посакаа среќа и тука приказната заврши“, рече Соса, пренесува „24 сата“.

Соса има настапи за младите селекции на Хрватска. Тој е еден од играчите кои го прифатија повикот од друга земја, иако е роден во Хрватска. Истото го стори Аријан Адеми кој одби да настапува за Хрватска откако не се најде на списокот за Мундијалот во Бразил 2014, и прифати да настапува за Македонија, иако има настапи за младите селекции на „коцкастите“.