Се појави спектакуларен феномен на небото над Загреб

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Граѓаните на хрватската престолнина денеска беа сведоци на редок оптички феномен кога на небото се појави спектакуларен „ореол“.

Овој феномен се јавува кога сончевите или месечевите зраци се пробиваат низ тенок слој облаци исполнети со кристали од мраз или роса во земјината атмосфера.

Оптички феномен кој ги воодушевува набљудувачите со својата единствена убавина, е најпознат по својот изглед околу сонцето. Може да биде целосна или делумна, при што внатрешната страна на „ореолот“ често има црвеникава боја, додека надворешната страна добива синкави нијанси.