„Фокус“ објави нови фотографии од пукачот кој вчера попладне пукаше во Раде Трајковски-Штекли и неговиот соработник со прекар Колумбо во трговскиот центар „Ист Гејт“ во Скопје.
На фотографиите се гледа како лицето седи во обложувалница во трговскиот центар и воопшто не се крие од безбедносните камери.

Непосредно по пукањето на социјалните мрежи се појави видео снимка од безбедносните камери каде се гледа моментот на нападот.
Штекли и Колумбо се спуштаат по елеваторот надолу кон гаражите, а лицето пука со пиштол.

