Се препорачува трета доза на вакцината за лицата над 60 години, здравствените работници и хронично болните

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од понеделник граѓаните ќе можат да ја примат и третата доза на вакцина против Ковид-19. Засилувачката (Бустер) дозата се препорачува за сите граѓани кои имаат здравствени проблеми независно на возраста. Веста ја соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, кој информираше дека третата доза ќе се прима по шест месеци и истата треба да биде Фајзер без разлика на тоа со која вакцина е имунизиран претходно лицето. Најави и дека ќе пристигне донација од 250 илјади вакцини Џонсон & Џонсон од Данска.

Препораката важи и за граѓаните кои прележале Ковид-19, а се вакцинирани и се дел од гореспоменатата категорија. Граѓаните ќе добијат порака преку системот „Мој термин“ дека тие можат да примат вакцина и тоа ќе почне од понеделник, додаде министерот.

Вкупно 1 482 278 дози на вакцини се аплицирани во земјата, а 703 878 граѓани се имунизирани со две дози.