Вулканот Етна во Сицилија, кои се наоѓа над градот Катанија и аеродромот, денес повторно е активен и исфрла „мали количини“ на пепел, соопшти италијанскиот Институт за геофизика и вулканологија.
Посебна внимателност привлекле видео снимките на социјалните мрежи кои покажуваат како од чадот се создал „прстен“.
Ветерот го разнел облакот од пепел на југ и југоисток, така што на подрачјето паднаа одредени, но мали количини на пепел, велат од институтот, додавајќи дека тој продолжува да ја следи вулканската активност.
Реактивноста на славниот вулкан засега не ја загрозува работата на меѓународниот аеродром во Катанија.
Етна се искачува на 3.300 метри, и е најголемиот активен вулкан во Европа, со чести ерупции во текот на околу 500.000 години.
Последната ерупција е забележана во пролетта 2017 година, а пред тоа голема ерупција во текот на зимата 2008-2009 година.
