Се сечат дрвја на планината Крушино – Властите: Нема ништо нелегално, се гради автопатот Кичево – Охрид

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пресечени дрвја и оставени покрај патот, кал и песок на патот кон Крушино во Кичево. Целата оваа состојба ги збуни граѓаните кои се прашуваа што се случува во овој спротско-рекреативен дел на Кичево.

„Се наоѓаме над спротско рекреативниот центар Крушино во Кичево. Овде на овој дел се пресечени дрвјата, но и подолу како што гледате се пресечени многу дрвја. Треба да се истакне дека низ овој дел минува и автопатот Кичево-Охрид. Но дали сечата на дрвјата има врска со изградбата на автопатот Кичево-Охрид или станува збор за сечење за продажба, деталите во сторијата во продолжение“, вели репортерката на ТВ21.

Од ЈП Лапушник-Кичево појаснуваат дека таму се гради автопатот и дека дрвјата се сечат од страна на ЈП Државни патишта со дозвола од Македонски шуми.

„ЈП ЛАПУШНИК не ги сече дрвјата во Крушино. На тој дел од земјиштето е извршена една пред-операција каде што минува автопатот, таму каде што се сечат дрвјата, за тоа земјиште е извршена експропријација на земјиштето на имотот на ЈП Државни патишта кое има склучено договор со Македонски шуми за дрвјата“, посочија од ЈП Лапушник – Кичево.

Контактиравме и со компанијата Гранит која го гради автопатот. И од таму велат дека работите се изведуваат согласно проектот и нема нелегална сеча.

„Работите се изведуваат врз основа на проектот, нема никаква девијација. Сечата на дрвјата се случува поради изградбата на патот, нема илегална сеча. Кај делот над стадионот ќе има падини“, велат од Гранит.

Исто така дознавме дека дел од земјиштето повторно ќе се пошуми штом завршат градежните работи. Автопатот минува низ овој дел на Крушино каде се поврзува со патот кој води до Крушино и селото Крежино.

„Ова ќе биде делот кој го поврзува автопатот Кичево-Охрид, ќе минува од овде и излегува на другата страна каде веќе се работи и каде што се направени мостови“, посочи репортерката на ТВ21.

Сега за сега не се знае дали овој дел ќе го блокира патот на селото Кнежино и Крушино бидејќи минува на средина.

Инаку според надлежните, автопатот Кичево-Охрид кој започна да се гради во 2014 се очекува да заврши до крајот на 2023 или почетокот на 2024.