Од иницијативата “Учебници мора да има“ и денеска продолжија со собирање потписи за организирање референдум против дигитализација на учебници. Бараат на референдум граѓаните да се изјаснат дали се за или против.
Минатата недела Собранието не ја прифати иницијативата за бидејќи потписите не биле собрани согласно законот за референдум.
„За таа цел, отворени за собирање потписи ќе бидат Регионалниот сектор Центар и Регионалниот сектор Битола на датум 25,26 и 27 мај, од 8:30 до 16:30 часот“, истакнаа од граѓанската иницијатива.
Но министерката за образование и наука, Мила Царовска не се откажува од дигитализација на учебниците.
МОН гарантира дека законот би овозможил секој ученик да добие дигитални наставни материјали како и тие од семејства со финансиски тешкотии.
