Се тресе Шпанија, за 30 минути 5 земјотреси – 4.3 најсилниот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шпанија доцна вечерва регистрира пет земјотреси за само половина час.

Првиот земјотрес регистриран во 21 часот и 36 минути по локално време со јачина од 4.3 степени на длабочина од 10 километри.

Потоа следуваа 4 афтершокови со магнитуда помала од 4 степени по рихтер.

Голем број жители ги напуштија своите домови по потресите и најверојатно ноќта ќе ја поминат на отворено или во своите автомобили.