Убиени и пцовисани кучиња, крв насекаде! Со оваа глетка се разбудија жителите на Струга. На седум локации најдени се убиени кучиња.
Ова објавено видео од организацијата за заштита на животни Анима Мунди, прикажува како се собираат убиените кучиња. Организацијата бара надлежните да преземат мерки.
„Бесправна држава, примитивно општество во кое владеат локални шерифи – резултатот е оваа бруталност на која сведочат денес жителите на градот Струга. Манијак, личност што неможе да се нарече човек охрабрен од нефункционалните институции и распадот на системот во оваа држава одлучил утрово да посегне по животот на десетици маалски и домашни миленици со пушка. Ладнокрвно ја пролеал нивната невина крв низ улиците на Струга“, велат од Анима Мунди.
Случајот е пријавен и во полиција, додека од СВР велат дека екипите се на терен и е преземаат мерки. Струга исто како и другите општини се соочува со проблемот со кучињата скитници кои претставуваат опасност за граѓаните. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко вели дека тешко е да се најде решение за проблемот.
Мерко бара од централните инстанци да најдат решение за проблемот, потсетувајќи дека трошат големи суми пари за обештетување на граѓаните кои биле каснати од кучиња скитници во Струга.
