Се унапредува дигитализацијата во Општина Чаир: Советниците добија службени лаптопи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во рамки на процесот на дигитализација и модернизација на институционалната работа, советниците на Советот на Општина Чаир беа опремени со службени лаптопи, со цел олеснување на пристапот до работните материјали, користење на електронска документација и намалување на употребата на хартија за време на седниците на Советот.

Седницата на Советот, предводена од претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамед Муртези, се одвиваше со разгледување на повеќе точки од значење за институционалното функционирање и развојот на општината.

На дневен ред, меѓу другото, беа разгледани прашања поврзани со формирање Комисија за проценка на штети од природни непогоди, како и Програмата за финансирање на поставување, реконструкција и модернизација на лифтови на територијата на Општина Чаир за периодот 2026–2028 година.