Маж од Србија загина во авионска несреќа на Флорида, јавуваат медиуми од нашиот северен сосед. Според медиумите, несреќата се случила во средата, нешто по 14 часот, во округот Палм Бич.
Авионот во кој се наоѓале две лица, од кои едното е српски државјанин, се урнал во област во кал во близина на езеро на пистата на аеродромот.
Спасувачите изјавиле дека авионот се распаднал на два дела, а телата биле најдени во остатоците од авионот.
ФОТО: Архива
2 men dead after small plane crashed in lake at north Palm Beach County airport https://t.co/CcG4qSid6e
— South Florida Sun Sentinel (@SunSentinel) July 11, 2024
