Авион Антонов-26 денеска се урна на лет од Нурсултан при слетување на аеродромот во Алмати, најголемиот град во Казахстан, соопштија локалните власти додавајќи дека две лица ја преживеале несреќата.
Во авионот, кој слетувал во услови на магла, имало шест лица.
– Според првичните податоци, четири лица загинаа, а двајца повредени се пренесени во болница, се вели во соопштението на Министерството за вонредни состојби на Казахстан.
