Се урна хеликоптер во Англија, најмалку еден загинат, повредено дете

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Едно лице загина, а тројца други се повредени откако хеликоптер се урна на поле во Јужен Јоркшир, Англија.

Хеликоптерот се урнал само неколку минути по полетувањето од аеродромот Ретфорд Гамстон, во Нотингемшир. Полицијата во Јужен Коркшир потврди дека загинал 70-годишен маж, а пилотот, 41-годишен маж и уште двајца патници, 58-годишна жена и дете на 10 години претрпеле полесни повреди.

Очевидци тврдат дека на местото на несреќата има многу возила за итни случаи.