Се урна воен авион во Бугарија, има загинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за одбрана на Бугарија Атанас Запријанов го откажа аеромитингот во Третата воздушна база поради несреќа со авион Л-39 ЗА, соопшти Бугарското министерство за одбрана.

Инцидентот се случил при подготовка на утрешниот аеромитинг. Според bTV, пилотите загинале.

„Се случи тешка авионска несреќа во воздухопловната база Граф Игнатиево. Авион Л-39 Албатрос се урна за време на тренинг лет. Нема официјална потврда за жртви“, изјавија за bTV од Министерството за одбрана.