По протестот во средата на музичарите тие денеска одржуваат средба со премиерот Заев на која треба да се разгледаат нивните барања.
Средбата се уште трае и нема информации со каков епилог ќе заврши.
Во средата со музика од импровизиран ноќен клуб пред Владата, стотици музичари и угостители излегоа на мирен протест барајќи од владините претставници да ги преиспитаат протоколите за нивна работа, бидејќи како што велат тие се најпогодени од коронакризата.
