Се успорува изградбата на модуларните болници, Русковска започна со истрага – без нив тешко ќе беше, вели Филипче

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поминаа десет дена од трагедијата во тетовската модуларна болница, а сѐ уште нема информации – кој го извршил надзорот и кој ги издал документите за технички прием на болницата. Шефицата на Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, рече дека вчера е комплетирана целата документацијата, а истражителите денеска почнале со работа.

Поради тоа се успоруваат градежните работи за изградба на трите модуларни поликлиники во Скопје, односно во Бутел, Ѓорче Петров и Ново Лисиче. Министерот Филипче вели дека се разгледува документацијата од проектите за поликлиниките, со цел да се утврди каде се недостатоците во нивната изградба.

Инаку, овие поликлиники според предвиденото, треба да бидат готови до крајот на септември. На прашањето – дали е направен увид во случај да има пропусти во модуларните болници, министерот одговори дека им наредил на сите директори да ја проверат електричната и канализационата инсталација, но досега не наишле на никаков проблем. Филипче додава дека без изградба на овие ковид-центри, не би можеле да се справиме со пандемијата.