-Времето реално… распустот го користам читајќи книги и гледајќи серии кои ги немав изгледано за време на зимскиот распуст. Во последно време гледам многу млади кои излегуваат и не ги почитуваат мерките. Ние младите, такви сме, сакаме да се движиме, но мислам дека над сѐ треба да биде јавното здравје-вели Бленди Ходаи.
Во оваа соба, читајќи книги и гледајќи разни филмови, гимназијалецот Бленди Ходаи го поминува слободното време, откако се затворија сите училишта поради коронавирусот. Ова го прави постојано, бидејќи неговото, како и многу други училишта во земјава не одржуваат онлајн настава.
-Не, бидејќи како што разговаравме и претходно, само мал број на наставници…. Колку што видов од учениците од другите средни училишта, само одреден број наставници одржуваат часови онлајн.
ТВ21: Колку часови одржавте досега откако наставниот процес е во застој?
-Реално, денеска е осмиот ден откако е стопиран наставниот процес, а досега имаме одржано само два часа. Од вкупно 13 предмети, само два часа по одреден предмет.
Вината за недостиг на онлајн часови, Ходаи, ја гледа во немањето обуки на наставниците организирани од МОН.
-Мислам дека тоа е причината, бидејќи недостигаат обуки и семинари од страна на Министерството за образование и наука-рече Ходаи.
Според првиот човек на ресорот образование, Арбр Адеми, проблемот е во недостиг на технички услови.
Меѓу најорганизираните општини се чини дека е Карпош, бидејќи 10 општински училишта веќе држат онлајн часови. Градоначалникот Стефан Богоев, рече дека проблемот е кај наставниците кои покажуваат отпор за учество во ваквиот вид настава.
Недостигот на онлајн настава, се чини дека ќе го отежни и надоместување на изгубените часови.
-Ќе биде многу тешко, часовите што ги изгубивме сега да ги надоместиме кога ќе се вратиме на училиште-рече Ходаи.
Министерот за образование, Адеми повторно не сакаше учебната година 2019/20 да ја нарече „уништена“.
