Се враќаат украдените икони – Албанија ќе врати 21 икона и црковни предмети на Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во последните години над 1.000 икони и црковни предмети се украдени од црквите во западниот дел од земјава. Само 60-тина се пронајдени во Албанија, а останатите се верува дека завршиле на црните пазари во Европа и Азија. Се очекува 21 од нив да бидат вратени од Албанија во нашата земја. Албанската владина делегација при вчерашната посета во Скопје донесе една од овие икони.

Откако беше потврдено дека иконите се наоѓаат во соседната земја, домашните власти од 2013 година ги почнаа сите потребни процедури за нивното враќање.

Потпишувањето на договорот за соработка и враќањето икони, според Сашо Цветковски од Истражувачкиот центар за културно наследство при МАНУ, претставува историски чекор за двете земји.

Министрите за култура на Северна Македонија и Албанија вчера потпишаа договор за враќање на сите идентификувани икони. Од црквите во струшките села Радожда, Буринец и Селце украдени се 21 икона со културно-историска вредност.