Јас сум Куштрим Имери, мене ме избркаа од работа, изгубив два прста, и ме избркаа од работа, ме избркаа од работа од ЈКП, изгубив два прста, и сега мене ме избркаа, сирот сиромашен, ги ја сечеа раката.
Ова е Куштрим Имери, вработен во ЈКП Тетово. Завчера беше отпуштен од работа, но откако го објави оваа видео на социјалните мрежи, беше повторно повикан од ЈПК Тетово за да работи како чувар на паркот на оваа претпријатие.
Во текот на денешниот ден се обидовме да стапиме во контакт со Канцеларијата за односи со јавноста при општина Тетово и директорот на ЈПК, Даут Мемиши, но ниту од општината ниту од ЈПК не ни дадоа никакво објаснување за овој случај.
Куштрим Имери во телефонски разговор потврди дека по објавувањето на видеото тој повторно е повикан да работи како чувар кај ЈКП. Не сакаше да зборува пред камерата. Во социјалните мрежи кружи негова слика заедно со директорите на претпријатието Самет Бислими и Даут Мемиши.
А целиот овој случај беше искористен од советниците на ДУИ, за да ја обвинат општината и градоначалникот.
„Наместо да биде помогнат од раководителите на ЈКП, избраници на Биљал Касами за да раководи со оваа институција, тие одлучија да го булизираат и дискриминираат со отпуштање од работа еден вистински работник, искрен и човек кој што има потреба од таа работа. Откако г. Имери го објави видеото, тој беше поканет на канцелариите на ЈКП од директорите за да го замолчат неговиот гнев кон монструмите кои го отпуштат од работа.“, вели Лиридон Диша, советник на ДУИ.
