Се врати репрезентацијата која испиша историја! Пандев открива што ќе работи откако ќе го напушти фудбалот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Навивачи и роднини дојдоа на аеродромот во Скопје за да ги пречекаат фудбалерите кои испишаа историја.

И неколку случајни патници застанаа за да ги видат играчите одблизу. Иако не донесоа победа, сепак беа пречекани со силен аплауз, бидејќи го остварија сонот на многу генерации – учество на Европско првенство. За капитенот Горан Пандев, мечот со Холандија беше последен во неговата кариера со репрезентацијата. Вели дека не планира да стане тренер, туку можеби спортски директор.

Но, Пандев не е единствениот кој заминува. И селекторот Игор Ангеловски веќе нема да биде дел од репрезентацијата.

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини, рече дека без оглед на резултатот, најголемата победа на Македонија е што настапила на вакво првенство.

-Како што знаете ние ја направивме целата организација уште во декември, како и на почетокот на годинава одењето на првенството. Без оглед на резултатите јас најпрвин сакам да ѝ честитам на екипата, на сите момци кои учествуваа на првенството и кои го дадоа својот максимум-рече Сејдини.

Откако излегоа од аеродромот, фудбалерите беа пречекани од своите родини, а потоа репрезентативците се поздравија меѓу себе.