Се вжештува „борбата“ за изборните листи – Зеќири „се бори“ за 6-та ИЕ, Османи ја одби 3-та ИЕ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Додека Алијанса за Албанците е фокусирана на  презентирањето на партиската платформа, ДУИ ги собира предлозите од ограноците за изборните листи.

Исто така и СДСМ е активна во составувањето на изборните листи. Заев изјави на следните изборни листи СДСМ ќе има 50-50, целосна родова еднаквост, но исто така додаде дека СДСМ од македонска партија сега е мултиетничка партија. Тоа значи дека на  изборните листи ќе има и кандидати од другите етнички заедници.

Извори на ТВ21 велат дека во СДСМ веќе почнало да се дебатира за изборните листи и дека потпретседателот на партијата, Мухамед Зекири, инсистира да биде носител на 6-та изборна единица, при што сака да се соочи со Али Ахмети. Од СДСМ, не се многу задоволни од овој предлог и од таму за ТВ21 велат дека носител на изборната листа на 6-та ИЕ треба да биде лидерот на албанската партија со која СДСМ ќе направи предизборна коалиција. Извори од СДСМ за ТВ21 велат дека Мухамед Зекири ќе биде трет во 2-та ИЕ, каде носител ќе биде техничкиот премиер, Оливер Спасовски.Контактиран од ТВ21, Зекири изјави дека се уште е рано и дека се уште никој не знае во која ИЕ ќе биде кандидат.

Во првата ИЕ, носител на изборната листа, од ДУИ, ќе биде Иџет Меџити. ТВ21 претходно извести дека од СДСМ кандидат за 1-та ИЕ постои можност да биде Никола Димитров, а од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.

Според извори на ТВ21, во 2-та ИЕ, ДУИ може да излезе со Илир Хасани, но и Арбр Адеми е можна комбинација. Партиски извори од ДУИ велат дека Бујар Османи може да биде носите на 2-та ИЕ, бидејќи тој отворено изјавил дека не е заинтересиран да се кандидира во 3-та ИЕ.

Во 3-та ИЕ, се очекува СДСМ да излезе со Оливер Спасовски, а ВМРО-ДПМНЕ со Владо Мисајловски.

Антонио Милошовски е предложен да биде носител на листа во 5-та ИЕ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, рече  дека ќе размисли  дали ќе ја прифати кандидатурата.

Во другите зони, кај Албанците, во 6-та ИЕ, Али Ахмети е неоспорлив, но ќе има борба кој ќе биде после него. Неофицијално, Невзад Бејта, рекол дека доколку го бараат гласачите, тој ќе се кандидира.

Во ова ИЕ ќе биде и лидерот на АА, Зијадин Села, кој во текот на презентирањето на договорот со Алтернатива, истакна дека го предизвикува Али Ахмети во било која ИЕ.

Во 6-та ИЕ ќе биде и лидерот на Беса, Биљал Касами, во случај да коалицира со СДСМ.