Локалните избори во октомври ќе бидат жешки, особено за Кичево. Се вртат различни имиња кои се веќе познати за јавноста како од ДУИ, така и од Алијанса за Албанците и од други партии. Претходните два циклуси на локалните избори албанските партии го поддржаа кандидатот на ДУИ, Фатмир Дехари кој го доби мнозинството гласови два мандати по ред. Но овој пат, дијаспората инсистираше идниот мандат да и припадне токму на нив. Сега како кандидат од дијаспората се пријави Џевдет Спахиу кој живее и работи во Швајцарија. Тој вели дека добил зелено светло од Али Ахмети за кандидатурата на овие избори со цел да се обедини албанскиот глас земајќи предвид дека гласот од дијаспората е одлучувачки.
„Со мобилизирање на дијаспората, со поддршка на сите политички партии и невладини организации кои дејствуваат во Кичево, со поддршка од ДУИ како најголема партија и особено лидерот Али Ахмети, убеден сум во нашата заедничка победа.“, вели Спахиу.
Тој вели дека на Кичево му треба кандидат кој ќе има храброст и можност да го побара гласот на секој кичевец независно од политичките убедувања бидејќи на тој начин се унифицира албанскиот глас носејќи му свежина на Кичево. Тој очекува поддршка и од другите политички партии во земјава.
„Денес нашиот предизвик е да го зачуваме Кичево. Кичево се чува само со економски развој, вработување на граѓаните според квалификациите, покачување на минималната плата, болници и современа медицина, подобри услови во училиштата. Со природните и човечки богатства како и географската положба на Кичево, тоа може да се постигне многу лесно бидејќи во Кичево во моментов нема многу жители и со малку инвестиции може да се постигне вработување на сите граѓани.“, изјави Спахиу.
Во ноември и актуелниот градоначалник Фатмир Дехари во интервју за ТВ21 рече дека е подготвен и за трет мандат.
„Концентриран сум на годината што следи или месеци што следат, потоа се работите кои ме чекаат, ветувањата кои ги имама дадено пред граѓаните. Ни остануваат уште неколку месеци до локалните избори и да не заборавиме, во ниту еден момент не работам за да победам на изборите, туку за да ги реализирам проектите, ветувањата, приоритет се проектите, работам да обезбедам подобра иднина за овој град. Никако за да создадам ситуација за да ја фаворизирам мојата кандидатура на изборите било на локалните или на некои други избори.“, вели Дехари.
Пред неколку дена во Клик Плус се спомна и името на Фатмир Лимани како независен кандидат, а по неколку дена тој и официјално ја објави неговата кандидатура.
ТВ21 контактираше и со другите политички парти во Кичево, АА-АА се уште се на ставот дека ќе излезат со нивен кандидат но не ја исклучуваат можноста за соработка. Велат дека со конкретно име ќе излезат по пописот на населението. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека за кандидатот за градоначалник на Кичево ќе одлучи раководството на партијата во Скопје, а СДСМ продолжува да молчи без да дадат никакви детали.
