Се заострува „битката“ за ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски се извини за политиките на дел од претходното раководство

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ибрахимовиќ направи шоу познатиот фестивал Санремо: Тука важат мои правила, вишокот пејачи ќе им ги продадеме на Ливерпул

Златан Ибрахимовиќ е познат по своите необични изјави, а тоа го покажа и вечерва на Санремо. Тој најпрво беше пречекан...

По состанокот на Радев – „Не знам која е логиката, мене ме погодува ова како граѓанин на Бугарија“, вели Монова

Истражувачот од бугарската академија на науки д-р Миладина Монова, и професорот Љупчо Ристевски кој воедно е член на мешовитата...

Монова: Не цела Бугарија е на став дека не постои македонски јазик, национализмот ја држи власта

Миладина Монова, истражувачот од бугарската академија на науки е гостинка вечерва во ТВ21 во дебатниот магазин „Клик Плус“. Со...

Ристевски: Комисијата е во политичка инструментализација од страна на Бугарија и работите ги носат до ќорсокак

Љупчо Ристевски, професор на УКИМ и член на мешовитата историска комисија со Бугарија, вечерва е гостин во „Клик Плус“...

Симовски: Пристапот преку VPN апликација се регистрира и се чува како доказ за упаѓање во системот

Тврдењето дека многу граѓани се попишале преку користење на VPN апликација е невозможно, бидејќи тоа се регистрира и тие...

Христијан Мицкоски го искористи денот на прославата на двата Илиндена, заедно со честитката да се дистанцира јавно од претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Тој обраќајќи се од Ташмаруниште јавно се извини за дел од претходните високи личности на партијата и остро ги нападна сите оние кои од него бараат да си замине од челната позиција на ВМРО-ДПМНЕ поради изборните резултати.

„Оние кои се товар на ВМРО душмански жестоко се обраќаат кон ВМРО. Целосно свесен за нивните постапки од минатото и целосно свесен дека токму овие жестоки по-јаничарени јуришници на власта беа и товар на партијата, сакам јасно и недвосмислено да истакнам дека јас, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ му се извинувам на народот за сите грешки и неправди кои овие луѓе ги имаат направено. Тие во ВМРО гледаат личен интерес, а јас во ВМРО-ДПМНЕ гледам кауза.“, рече Мицкоски.

Во изјава на Мицкоски прв се препозна поранешниот градоначалник на Аеродром Ивица Коневски кој му порача дека се однесува срамно и тоа на денот на празнувањето на Илинден.

„Кога сите треба да се обединиме, ти пак посебна по клеветење и навреди. Сите ние што те повикуваме да си дадеш оставка и посакуваме добро на партијата, а ти очигледно си немоќен да се справиш со искрените критики. Со ова го допре дното и уште еднаш покажа дека не си достоен за функцијата што ја вршиш. Наместо ниски страсти и фрустрации, треба човек кој обединува. Редно е да си одиш од ВМРО-ДПМНЕ.“, рече Коневски.

По завршувањето на изборниот процес, во кој ВМРО-ДПМНЕ со два мандати помалку ги загуби изборите, голем дел од членовите на партијата кои со претходното раководство беа на видни позиции се погласно почнаа да бараа оставка на Мицкоски. Покрај Конески, преку фејсбук страната што неодамна ја отвори одговорност бара и поранешниот прв човек на УБК Сашо Мијалков кој неодамна му напиша дека неговите грешки ги плаќа ВМРО-ДПМНЕ. Митко Јанчев пак најави дека тој ќе ја преземе партијата, а остри критики доаѓаат и од екс министерот за здравство Никола Тодоров.