Се зголемуваат барањата за хуманитарна помош – многу граѓани бараат храна и хигиенски производи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ефектот на вонредната состојба го зголеми бројот на граѓани кои бараат хуманитарна помош. Хуманитарните организации велат дела последната недела многу граѓани тропнале на нивната врата. Руфат Шерифи од Хуманитарната организација “ Калири и мирсис” вели дека почнале втора акција за делење на пакети поради тоа што има многу барања.

„Во последно време, барањата се зголеменија и постојано имаме барања и нарачки преку Фејсбук од граѓаните кои бараат да ги поддржиме. Нивниот број е зголемен и имаме поголеми барања, тоа не натера да направиме  втора акција и да подготвиме и 500 пакети со производи кои на некој начин ќе ги задоволат потребите“, вели Руфат Шерифи.

Јасмин Реџепи од Хуманитарната организација “Легис”, вели дека неколку граѓани бараат помош и за да ги платат кириите на становите бидејќи се во тешка состојба.

„Во овој момент хуманитарната организација Легис се соочува со голем број  на граѓани кои бараат помош. Секако поради кризата и апелиравме донаторите да на помогнат да им излеземе на пресрет на граѓаните“, истакна Јасмин Реџепи.

И од Организацијата за лица со посебни потреби “СОС ВИТА” велат дека утре ќе делат пакети со прехранбени производи за лицата со посебни потреби.

„Ние како организација подготвивме 100 пакети. Утре ќе ги делиме на сиромашните семејства и на лицата со посебни потреби“, додава Ертан Шаќири.

Хуманитарните организации апелираат до донаторите кои имаат можност, да ги помогнат на време за криза и ниту еден граѓанин да не остане без храна и елементарни услови за живеење.