Во ОУ “Владимир Полежиноски“ во Кичево одлучено е учениците да носат униформа, но многу родители се против тоа бидејќи им е кажано дека сами треба да ги платат униформите, што претставува потешкотија за некои семејства кои имаат по 2-3 ученици, особено сега во време на економска криза и кога учениците се соочуваат со недостиг на учебници.
ТВ21 побара став од директорот на училиштето, Горан Каранфилоски но ни рече дека тоа нема врска со училишното раководство бидејќи како што додаде, ваквите одлуки ги донел советот на родители. Од советот велат дека во учебната 2018/19 е донесена одлука учениците да носат униформа.
„Согласно таа одлука советот одлучи да се набават нови униформи за учениците. Во заедничките и поединечни родителски средби поголемиот дел од родителите биле за што поскоро набавување на работни униформи, а било одлучено плаќањето на униформите да биде на де рати, првата рата до 10.11.2022 и втората до 30.11.2022, но советот повторно се состана и одлучи одложување на втората рата до 15.12.2022.“, вели Горан Попоски, претсадател на Советот за родители.
Претседателот на Советот вели дека го имаат предвид социјалниот и материјален аспект на семејствата, затоа одлучиле тие што не се во добра финансиска состојба, да не плаќаат.
Инаку во јавните училишта во Македонија не е задолжително носењето униформи.
