Граѓаните чекаат ред во МРТВ за да си ги подигнат личните документи. Неколкумина со кои разговаравме ни кажаа дека чекаат два месеца и се уште не им се готови документите.
За забрзување на постапката и намалување на долгото чекање, портпаролот на МВР Тони Ангеловски соопшти дека од понеделник граѓаните кои се фотографирале во полициската станица Пролетг или во МРТВ, ќе добиваат смс порака за нивните документи.
Исто така граѓаните ќе можат и на веб страната mvr.gov.mk да проверат дали нивните пасоши се готови. Инаку со стариот пасош не може да се патува надвор од државата а тие што ќе се најдат надвор, со старите пасоши, ќе треба да земат патен лист од дипломатските претставништва во државата каде што се.
