Седум лица се тестираат моментално на Инфективната клиника во Скопје. Се работи за пациенти од Штип, Куманово, Тетово, Кичево и Охрид.
Во изминатиот период лицата престојувале во Швајцарија и Германија кои по враќањето развиле висока температура. Резултатите ќе бидат готови до крајот на денот.