Spotify слави 20 години со „Ваша забава на годината“: За секој корисник – персонализирана историја на најслушани песни

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Spotify ја одбележа својата 20-годишнина со специјален, целосно персонализиран преглед на комплетната музичка историја на корисниците на оваа платформа за стриминг.

Насловена како „Spotify 20: Твојата забава на годината (годините)“ (Spotify 20: Your Party of the Year(s)), оваа опција е многу слична на годишната серија „Wrapped“, но го опфаќа вашето целокупно музичко минато. За првпат, корисниците ќе можат да се осврнат на периодот поминат на платформата откако се зачлениле, вклучувајќи го нивниот прв ден на стримерот, вкупниот број на уникатни песни што ги ислушале, првата пуштена песна, како и најслушаниот артист на сите времиња.

Слушателите исто така ќе добијат и своја сопствена плејлиста со најдобрите песни на сите времиња (All-Time Top Songs Playlist) – збирка од нивните топ 120 нумери, комплетирана со прикажан број на пуштања, подготвена за зачувување во нивната библиотека.

Секоја анализа на податоците ќе доаѓа со прилагодена картичка за споделување, која може да се зачува, да им се испрати на пријателите или да се сподели на социјалните мрежи.

За да ја најдете оваа опција, едноставно отворете ја мобилната апликација на Spotify и пребарајте „Spotify 20“ или „Party of the Year(s)“ – или посетете ја страницата spotify.com/20 преку вашиот мобилен уред.

Ова доаѓа откако Spotify неодамна ги откри најслушаните артисти, песни и албуми на сите времиња на стриминг-сервисот од 2006 година наваму, при што Тејлор Свифт се најде на врвот како најслушан соло артист меѓу сите нив.