Во последните 58 часа се почувствуваа 66 земјотреси во Хрватска, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Рано утрово, Хрватска беше погодена од два силни земјотреси во рок од десет минути, едниот со јачина од 4,9 степени, а другиот со јачина од 4,6 степени, пренесува ЕМСЦ. Шефот на хрватската сеизмолошка служба, Инес Иванчиќ, како гостин во хрватското радио, предупреди дека тлото ќе продолжи да се тресе и дека, најверојатно, ќе има посилни земјотреси.
Како што забележува Индекс, само земјотресите што биле почувствувани се вклучени во тој број.
Имаше повеќе земјотреси во Хрватска, но не сите ги почувствуваа, додава Индекс.
Последниот земјотрес откриен од ЕМСЦ бил на 23 километри јужно од Загреб, со јачина од 1,9 степени според Рихтеровата скала, се вели во Твитер профилот на тој центар.
Да потсетиме, рано утрово, Хрватска беше погодена од два силни земјотреси во рок од десет минути, еден со јачина од 4,9 и друг 4,6, пренесува ЕМСЦ.
