„ВРЕДИ“ нема вина за албанскиот јазик и со нашите политички механизми, но и во Влада ја спречивме одлуката на Уставен, рече потпретседателот на Беса, Блерим Сејдиу во Дејли Клик. Постапката не ја спречија шаторите, бидејќи, како што рече, опозицијата не ја засега воопшто албанскиот јазик, ниту знамето.
„Ние воопшто немаме вина во тој правец, ние само ја вршиме нашата работа и денес со нашите механизми во влада и политичките механизми но и институционални, попречивме такво нешто и ја постигнавме целта. Дали има човек во оваа држава кој мисли дека со шаторите е спречено ова. Не се спречува таму, ниту се почнува таму ниту пак се решава од таму. Тоа е политичка злоупотреба за да се злоупотребат тие луѓе кои ги искористуваат за своја корист.“, вели Блерим Сејдиу.
За актуелната состојба, според Сејдиу, виновна е ДУИ која дозволила законот за употреба на јазиците да помине во Собрание со недостатоци и дека не се испочитувани сите законски процедури. Затоа, како што рече, ДУИ треба да понесе одговорност.
„Ние сме убедени дека ДУИ намерно овој закон го направи со недостатоци за да го искористи во тешки денови како што е денес и да ја злоупотреби јавноста дека божем албанскиот јазик нема веќе да се зборува и кога дојдоа во влада рекоа дека, од моментот кога дошла ДУИ ние сме почнале да зборуваме албански јазик, а сега кога се во опозиција, повторно нема да зборуваме албански бидејќи тие не се во влада“, додаде Блерим Сејдиу.
-ДУИ знаеше дека ќе оди во опозиција?
„Знаеше.“
Инаку вчера седницата во Уставен ја бојкотираа судите Албанци Осман Кадриу и Насер Ајдари со цел да се спречи гласањето, а потоа седницата ја напушти и судијата Фатмир Скендер кој и припаѓа на турската заедница. Беше одлучено да се одржи подготвителна седница со експерти и претставници од политичките партии.
