Секој има своја желба за избори: СДСМ, БЕСА и ДПА во јуни; ВМРО-ДПМНЕ, АА и Алтернатива во јули, лидерска утре

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утре во вила Водно ќе се сретнат лидерите на најголемите партии за да се договорат за датум за избори. Еден дел бараат избори на средина на јуни, а други во јули. Единствена партија која вели дека нема проблем со датумот е ДУИ. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи ја поддржува идејата за избори на средина на јуни.

Предлогот на Тачи за избори, 20 до 22 дена по Бајрам се паѓа на средина на јуни, што се совпаѓа со предлогот на СДСМ што вчера го објави Зоран Заев.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се уште не го кажува датумот што ќе го соопштат утре на лидерската средба.

Тоа што до сега го побара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е изборите да се одржат на средина на јули. На ова мислење се АА и Алтернатива. Лидерот на АА предложил изборите да се одржат кон крајот на јули, а овој предлог се очекува да го каже и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши на утрешната лидерска средба.