Секоја година се намалува бројот на ученици „Потребни се реформи за да се спречи масовната емиграција“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од година во година се намалува бројот на ученици низ училиштата во Македонија. Според податоците од ДЗС за учебната 2021/22, бројот на ученици во основните училишта е 186.649 што претставува пад за 0,5% споредено со минатата година.


Бројот на ученици во средните училишта е 71.018 што претставува пад од 1,1% споредено со претходната учебна година. Според некои статистички податоци од последните 10 години, имаме над 30 илјади уленици помалку во основните училишта, над 22 илјади ученици помалку во средните училишта и над 10 илјади студенти помалку.
Професорот Ратко Дуев вели дека намалувањето на бројот на ученици е голем предизвик за образованието, затоа се потребни реформи кои ќе понудат поквалитетно образование за младите во земјава.

Ректорот на факултетот Кирил и Методиј вели дека потребни се сериозни реформи во образованието од квалификувани луѓе и професионалци.

И професорката Елизабета Томевска вели дека освен намалувањето на бројот на ученици, следниве години ќе ги почувствуваме и последиците од пандемијата кога училиштата беа затворени подолг период.

Што се однесува до матурантите, во 2013 имало 19.289 матуранти, во 2015, 17.600, во 2016, 16.859, о 2019, 15.553, во 2020 имало 13.200, а оваа година 16.605 матуранти.