Секоја земја презема мерки за кои смета дека се поволни за нејзината популација, вели Кочоска-Мараш

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Докторката Лилјана Кочоска-Мараш од Шведска во ексклузивно интервју за ТВ21 посочи дека треба да се биде претпазлив кога се споредуваат државите.

„Треба да се биде претпазлив кога се споредуваат државите. Во Шведска не е во секој дел од Шведска ист број на заболени, дури не е ни сличен. Секоја друга земја си има свој специфичности со оглед на возраста на популацијата, навиките на популацијата“, вели Кочоска Мараш.

Таа истакнува дека секоја земја презема мерки онакви какви што смета дека се поволни за нејзината популација.

„Во Шведска голем број од населението спортува, не пуши цигари, здрави се, голем дел од населението над 65 години активно спортува така да тоа влијае и на здравјето на нацијата како таква“, додава Кочоска Мараш.

Лилјана Кочоска-Мараш е доктор по медицински науки, специјалист на гинекологија и акушерство, а работи како висок медицински советник на клиниката Ултрајин Софијахемед во Стокхолм.