Сексуално образование во 4 основно училишта – Царовска: Подобро да учат на училиште, отколку на интернет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во 4 основни училишта се врши обука на наставници кој ќе им предаваат на основците сексуална едукација. Ова е пилот проект и првично ќе се одвива во само 4 училишта.

Во основното училиште „Лирија“ во Чаир, „Братство –  Миѓени“ во Тетово, „Јан Амос Коменски“ во Карпош и „Кузман Шапкарев“ во Драчево. Министерката за образование Мила Царовска вели дека учениците за сексуалното образование треба да учат во училишниоте клупи бидејќи, како што рече таа, во моментов тие учат на погрешен начин преку јутјуб каналите социјалните мрежи.

Дел од родителите со поддршка за сексуалната едукација во училиштата а дел се против. Хера е една од невладините организации за обука на наставниците. Таа вели дека нема да се импонира сексуално образование пред да има дозвола од родителите.

Сексуалната едукација во повеќето земји во Европа се изучува во текот на образовниот процес, од основно се до средно училиште. Од друга страна, во тие земји каде што сексуалната едукација не е дел од формалното образование, случаите  на бременост меѓу малолетниците и сексуално преносливите болести се чести.  Преку сексуалната едукација младите ќе учат за секаков тип насилство или дискриминација, а истовремено за тоа како можат да се заштитат себеси.