Лидерот на АА, Зијадин Села, во текот на собирот со дијаспората изјавил дека бегањето на Ахмети од дебата, е недостиг на почит кон албанските гласачи.
„Еден претседател на партија кој бега од дебата со неговиот противник, покажува недостиг на почит кон сите гласачи од кои добил глас. Недостаток на подготвеност на Ахмети да излезе спроти мене на дебата, е недостиг на почит кон секој Албанец, посебно кон неговите гласачи. На крајот, демократијата има и споредба, а каде има подобра споредба од тоа кога ги гледаш двајца претседатели на партии кои излегуваат заедно на дебата и се соочуваат со аргументи и против аргументи“, истакна Зијадин Села.
Но, Али Ахмети, претходно изјави дека Села не е лидер на опозицијата и дека би излегол на дебата само со најсилниот, алудирајќи на Касами. Прашан, дали би излегол на дебата со Касами, тој одговори дека треба да се размисли бидејќи бил во ДУИ.
Ф.А: Зошто не излегувате на дебата со г. Села?
Ахмети: Јас ќе излезам со најсилниот!
Ф.А: На кого мислите? Ќе излезете на дебата со г. Касами? Само кажете, јас можам да организирам дебата?
Ахмети: Треба да мислам бидејќи тој беше во ДУИ!
Ф.А: Им кажувате на медиумите дека нема да го направите тоа?
Ахмети: Секое организирање на таква дебата, не сметам дека би било корисно и дека ќе имаат некаква корист Албанците!
Последната дебата меѓу двајца претседатели на албански партии се случи пред многу години, меѓу Арбен Џафери и Али Ахмети.
