Села: Мислам дека ќе имаме избори во oктомври

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостува лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.

Запрашан за можноста за предвремени парламентарни избори, Села рече дека доколку нема почеток на преговори за почеток на преговори со Европската Унија во месец јуни, тогаш оваа Влада го губи целосниот кредибилитет и според него ќе се оди на избори во октомври.

„Покрај сите останати кризи со кои се соочуваме, секоја политичка партија во својата агенда ги има евроинтеграциите, но власта е таа која треба да го реализира, и доколку во јуни ние не добиеме датум за почеток на преговори тогаш оваа Влада го губи целосно кредибилитетот“, рече тој.