Села му рекол на Мицкоски и Заев: Ако формирате Влада само со Македонци, ние ќе формираме Влада само со Албанци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на Алијанса за Албанците рече дека им рекол (мислејќи најверојатно на Зоран Заев и Христијан Мицкоски) дека доколку формираат Влада само со Македонци, тие ќе формираат Влада само со Албанци.

Тој на оваа тема зборуваше вечерва во „Изборни дебати“ на ТВ21, потенцирајќи дека лидерите треба да го стават како што вели тој „прстото на глава“.

„Затоа им реков, ставете го прстот на глава, бидејќи доколку вие направите влада само со Македонци, тогаш и ние ќе направиме влада со Албанци, бидејќи нема да ги оставиме Албанците без  глава, во целосна анархија за меѓусебно да се изедат. Ова беше мојот одговор и беше реакција од моја страна  како последица  на  ветувањето кое тие меѓусебно  го дадоа. Ние знаеме дека тие тоа нема да го направат. Тоа е една ниска политичка игра. Исто како кога  станаа непријатели Груевски и Али, со цел со нивниот национализам да добијат гласови , едниот кај Македонците, другиот кај Албанците. Истото го направија Заев и Мицкоски. И двајцата гледаат дека им бега нивниот партнер кој го сакаат и двајцата, па се обидуваат да му ги кренат акциите со оваа идеја за премиер , бидејќи наводно е одбиен, но реално…“, рече Села за ТВ21.