Села: Некој посилен и од Заев и од Мијалков нареди да се пријави Мијалков во Обвинителство

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 рече дека некој посилен од Заев и Мијалков наредил токму тој сам да се пријави во Обвинителството.

За Села ова е скандалозен чин, а Мијалков контроверзна личност.

„Мијалков е човекот кој даде оставка веднаш по настаните во „Диво Насеље“. Ова е театар во режија на полицијата“, обвини вечерва Села во „Click Plus“ на ТВ21.

Додава дека Мијалков е повеќе од очигледно дека избегал но се вратил согласно некаков договор.

„Сашо Мијалков го следат многу скандали и тој се уште е на слобода. Него никаде не го споменуваат ниту за 27-ми април. Тој човек е со повеќе кривични дела. И ние денес зборуваме за куќен притвор? За човек кој очигледно е дека избега и после веројатно согласно некаков договор да се врати“, изјави лидерот на АА – Зијадин Села.

Во „Click Plus“ дебатираме со лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, аналитичарот Бесим Хода и новинарот Лирим Дулови.