Да се здружат сите албански партии, без разлика дали се на власт или опозиција, за да го спречат остварувањето на недобронамерните планови кон Албанците и другите заедници. Овој апел го упати Зијадин Села, од емисијата Клик плус на ТВ21. Села оценува дека има многу предрасуди од македонскиот политички фактор кон Албанците.
-Ние сме во време кога многу добро треба да размислиме какво ќе биде однесувањето, позиционирањето, не на Алијансата за Албанците, на ДУИ, Беса, ДПА или не знам кој, Демократско движење или како се вика не во однос на ВМРО, туку во однос на македонската политика. Овде треба да најдеме заеднички јазик за да спречиме во иднина да спроведуваме планови кои не се добронамерни кон Албанците, но и кон другите заедници, вели претседателот на АА, Зијадин Села.
Меѓу другото, Села ја коментираше и последната изјава на Арбен Таравари, кој рече дека вработувањето нема да се врши по етничка основа и дека имаат тенденција да ги извршуваат вработувањата повикувајќи се на меритократија. Села за ова рече дека тоа е скандал, додавајќи дека албанските партии на власт ги отстрануваат Албанците од работните места, со образложение дека немаат буџет, а утредента ги заменуваат со Македонци на тие работни места.
-Ова е скандал. Овој јазик на политичарите го слушам од македонските политичари секогаш кога сакале да се спротивстават на остварувањето на правична и соодветна застапеност, додека ова што го кажуваат албанските политичари е скандал, затоа што заборавиле каде ќе најдат место на Универзитетската Клиника ако не навеле дека се од албанска етничка припадност, истиот не би бил универзитетски професор доколку првичната основа за вработување не се заснова на правото на соодветна застапеност, изјави Зијадин Села, претседател на АА.
Зијадин Села во Клик Плус рече дека со најавените протести за септември не се прави обид за дестабилизација на Северна Македонија туку за да се изрази незадоволството од кршењето на правата на граѓаните преку кршење на легитимноста изразена со нивните гласови.