Не почитувањето на легитимноста, според Зијадин Села од Европскиот Фронт, значи удар врз унитарниот карактер на државата. Во Дејли Клик тој рече дека унитарниот карактер подразбира еден Устав за сите граѓани, и додаде дека Христијан Мицкоски создава две категории на граѓани.
„Не може да кажеш сакам да го зачувам унитарниот карактер на државата а од друга страна да создадеш две категории на граѓани. Унитарниот карактер на државта подразбира едне Устав пред кој сите граѓани се еднакви. Кои се тие две категори на граѓани? Да ги оставиме Албанците. Ти создаваш две категори Македонци. Еден Македонец во Струмица има само еден официјален јазик и еден Македонец во Струга, Тетово, Гостивар и Скопје имаат два официјални јазика, од институционалн аспект“, порача Зијадин Села.
Ги коментираше и најавите на Вреди нарекувајќи ги лаги дека нема да влезат во Влада без уставни измени, а потоа коментарите дека треба да им се даде време на ВМРО-ДПМНЕ.
„Кратко и јасно тоа е јазик на лага, дрска измама. Но за сто дена ти треба да дадеш дел од ветувањата кои сте ги дале пред граѓаните. Така да, ќе видиме што ќе направат Бугарите и за колку време додека не се одреди рокот во рамките на сто дена не се прават уставни измени, или во текот на една година ќе се направат уставните измени или за две години, секоја изјава е лицето на лажливец“, порача Зијадин Села.
Села вели дека ВРЕДИ требало да условува со Уставните измени, или во спротивно „да го оставеа Мицкоски без албански владин партнер“.
„Бидејќи ти не си создал твој дел од одговорноста. Зошто не го оставиш во позиција, Христијан Мицкоски да нема партнер кај Албанците за колку време што нема да даде амин за уставните измени, да размисли како ќе направи Влада без Албанците. Слушам изјави од типот на ќе направеше со ЗНАМ. Нека проба. Кога ќе знае дека целиот албански политички фактор чека настрана што ќе се случи“, вели Зијадин Села.
Според Села, коалицијата ВРЕДИ во новата Влада влезе со наведната глава и без владина програма. ВМРО-ДПМНЕ според него земала во Влада една нелегитимна партија и ја награди со малку власт.
