Селата на Теарце без водовод, градоначалникот вели жителите сакаат анархија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сè уште има куќи во неколку села низ државата кои не се приклучени во системот за водоснабдување. Такви села има и во Теарце. Во врска со тоа го прашавме градоначалникот Исен Асани. Тој вели дека дел од жителите не сакаат да се приклучат во системот за водоснабдување бидејќи, според него тие сакат анархија.

„Населените места кои се надвор од системот, ние овозможивме да бидат вклучени во системот, но имаше спорови. Повеќето од оние кои не сакаат да влезат во системот се оние кои сакаат анархија, и ова го велам со целосна одговорност, со голема одговорност“, рече Исен Асани.

Но, министерот за животна средина, Насер Нуредини вели дека Владата сега знае кои населени места имаат проблем со водоснабдување и тврди дека ќе инвестираат во тие општини.

„Имаме и документација за да почнеме со други инвестиции. Како што знаете, ова е од државниот буџет, но ние сме во процес на позајмување на 15 милиони евра од Европската инвестициска банка и да инвестираме за дневните потреби, како што се водоснабдување и канализација во нашата земја.“, вели Нуредини.

Во општината Теарце, селата Првце, Слатина, Глоќи и Нерашти не се поврзани со системот за водоснабдување. Граѓаните често имаат проблеми со водата за пиење.

Општината има и многу диви депонии за кои постојано известува ТВ21. Нуредин и Асани рекоа дека со ставање во функција на депонијата Русино ќе се реши проблемот со отпадот во оваа општина.