Тоʻлќин Ќиличев, тренерот на боксерката на репрезентацијата на Узбекистан, го прославуваше златниот медал на својот пулен Хасанбој Душматов, а не долго потоа се бореше за живот.
„Тренерскиот тим дојде во областа на Ролан Гарос, каде што натпреварувачите се загреваат. Таму го славевме медалот, а потоа наеднаш слушнавме врисоци за кои веднаш знаевме дека не се од радост“, вели Роби Лилис, еден од физиотерапевтите кој сфатил дека Ќиличев преживува инфаркт.
Лекарите веднаш реагирале и почнале да го реанимираат. Драмата траеше околу половина час. Првиот обид за реанимација со помош на дефибрилатор беше неуспешен:
„Продолживме да го оживуваме, по 20 до 30 секунди наеднаш се освести. Во вакви случаи брзината е клучна важност, за среќа имавме опрема на лице место па успеавме да го реанимираме“, додаде Лилис.
Ќиличев потоа бил пренесен во болница и моментално е во стабилна состојба. Веднаш во болница го посетиле неговите родители, а тој објавил се на Инстаграм.
