Селекторот на Данска: Беше невозможно да се игра со такви емоции, но немавме многу опции

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Селекторот на Данска, Каспер Хјулменд на прес-конференцијата после мечот со Финска, кажа дека било невозможно да се мотивираат играчите да излезат на теренот и да го дадат максимумот. Тој кажа дека било многу тешко да ги „натера“ играчите да го дадат максимумот по случувањата со Кристијан Ериксен.

„Не може да се игра натпревар кога си со такви емоции. Се обидовме да победивме, но беше невозможно да се натера тимот и да игра натпревар“, изјави Хјулменд.

Селекторот признава дека УЕФА дала две опции.

„Немавме многу опции, имаше две – или да се одигра следниот ден во 12 напладне, или вечерта. Сите одлучивме да се вратиме на терен вечерта“, кажа данскиот селектор.