Семејствата чекаат истрагата да заврши – тие се песимисти за расветлување на случајот со пожарот во модуларната болница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Иако помина 28 дена од пожарот во модуларната болница, се уште нема ниту еден осомничен. Во текот на вчерашниот ден Обвинителството излезе со констатација за причините на пожарнот, но не се произнесе кој ќе носи одговорност за пожарот каде починаа 14 лица“, истакна репортерот на ТВ21.

Расчистување на случајот очекуваат и семејствата на жртвите. Мумин Исмаили кој ја изгубил мајка му во пожарот, чека случајот да биде расветлен и се чуди како е можно по 28 дена се уште нема ниту еден приведени.

„Секако дека очекуваме расветлување на случајот до крај. Ќе има виновни, некој треба да носи одговорност, но иако поминаа еден месец не видовме ниту еден приведен. Иако се збореше дека министерот и заменик министерот ќе дадат оставка, излезе Заев и рече дека нема потреба за оставки. Но треба да има одговорност, некој е одговорен за тоа“, посочи Мумин Исмаили.

Мумин бил еден од повредените во пожарот. Имал повреди во пределот на главата и вели дека нема ниту еден документи иако бил хоспитализиран 10 дена и бил на кислородна терапија.

„Имав изгореници во главата, ме однесоа во болница, на 2 кат. Таму бев 10 дена со терапија. Наутро кога ме пуштија дома не ми дадоа никаков документ дека сум бил во болница“, додава Мумин Исмаили.

Според извештајот кој вчера беше објавен, пожарот во модуларната болница бил предизвикан од продолжен кабел. Во пожарот во модуларната болница животот го загубија 14 лица.