Сензорите во нуклеарката Чернобил покажуваат дека делови од реакторот и натаму зрачат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Минатиот месец е одбележана 35 годишнина од катастрофата во Чернобил, што се поклопи со едно откритие дека во една недостапна просторија во реакторот, е зголемен бројот на емисии на неутрони.

Катастрофата се случила на 26 април 1986 година, која беше прва, а до сега и единствена катастрофа поврзана со една нуклеарна централа.

Украинските научници откриле дека нивните сензои во една недостапна просторија внатре во поранешната меморијална електрана Владимир Илич Ленин на северот на денешна Украина, откриле дека се невообичано високи концетрации на емитирани неутрони. Неутроните се последица ја процес на нуклеарна фисија, односно радиоактивно распаѓње на честичките, па сега се сомнева дека некаде во рушевините и натаму има одредена количина на уран, некогашно гориво на оваа електрона која и натаму зрачи.

„Како жар во изгасната скара“, вака ја опишал ситуацијата Нил Хајат, нуклеарен хемичар од универзитетот во Шефилд.