Серија „А“: Интер со голем пресврт го доби миланското дерби, Пандев донесе победа за Џенова

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вечерва во Серија „А“ беше одиграно дербито на Милано, во кое Интер по голем пресврт славеше над Милан со 4:2.

После првиот дел се чинеше дека Интер нема што да бара на оваа средба, со оглед дека Милан имаше 0:2 и одлична игра. Стрелци беа Ребиќ и Ибрахимовиќ.

Но Интер на стартот од вториот дел за само 3 минути стигна до израмнување. Брозовиќ и Весино донесоа 2:2, потоа Де Фрај стрелаше за 3:2, а Лукаку ја запечати судбината на Милан.

Претходно Горан Пандев беше херој за Џенова откако успеа да постигне гол само што влезе во игра, и со тој гол неговиот тим да стигне до победа од 1:0 над Каљари. Ова беа важни три бода за Џенова во битката за опстанокот во Италија.