Сериозни инциденти во земјава – заменик министерот за внатрешни работи недостапен, пишува статуси на Фејсбук

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За празникот 28 Ноември во Скопје беше сквернавено државното знаме, а истиот ден албанското знаме беше тргнато од столбот и фрлено на земја од еден полицаец во Куманово, а ова резултираше и со палење на албанското знаме во Прилеп.

Вчера во Куманово беше опожарен деловниот објект на советникот Фитор Јакупи во Куманово и намерно беа запалени три автомобили, но вчерашниот ден не заврши со тоа…Синоќа во Чаир имаше истрели при што беше повредено едно лице. Ова се некои од сериозните инциденти кои се случија за пет дена во земјава.

Во Арачиново постојано има истрели од оружје. И покрај тоа, заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени никогаш не излезе да се произнесе пред медиумите. Го побаравме и денеска на телефон но не ни одговори.

Единствениот вид на ваква комуникација е преку Фејсбук со објави, кои се случува и да бидат модифицирани. Како што беше случајот со вчерашната состојба во Куманово, каде неговата изјава ја смени три пати. Аналитичарот Сефер Селими, оцени дека преку празникот на 28 ноември, е испратена порака, односно беше изразено незадоволството на Албанците кон политичките постапки кои ги презема оваа Влада.

„Оваа прослава, тоа организирање беше анархично, неорганизирано, но испрати една порака, и покрај тоа што имаше изолирани инциденти, посебно со сквернавење на знамињата, тоа не подразбира дека тоа треба да го третираме од призмата на рушење на редот и јавниот мир, како што се спомнува во неколку последни постапувања на државните институции“, порача Сефер Селими.

Селими вели дека Премиерот Мицкоски, знаел дека најавувањата за скратувањето на законот за албанскиот јазик ќе бидат проследени со тензии, а изразот дестабилизација е заштитно оружје од можна дестабилизација.

„Првата перспектива е дека тој знаел оттогаш што ќе преземе, знаејќи дека тоа ќе биде иритантно и ќе предизвика незадоволство кај поширокото албанско население, тој најави дека ќе го предводи тоа, а од друга страна една поради постојаното повторување на зборот дестабилизација  и најавите за дестабилизација можат да бидат дека најавувајќи спречување на можна дестабилизација, да кажеме да ги дисциплинира можните идни постапки било тоа да се  од албанската опозициска партија или Албанците кои не се вклучени во партиски формации“, вели Сефер Селими.

Аналитичарот Сефер Селими, рече дека состојбата може да ескалира уште повеќе доколку државата и безбедносните органи не се позанимаваат посериозно со инцидентите кои постојано се случуваат.